Непречено се одвива гласањето во Аеродром
Во Скопје се гласа за градоначалници на неколку општини, на ниво на Град Скопје се избира во сите општини меѓу двата кандидата…

Во текот на целиот ден процесот на гласање се одвиваше регуларно, во фер и демократска атмосфера –информираше заменикот претседателот на избирачкото место 2684, Зорица Димова. Таа рече дека гласањето почнало во предвидениот рок, и досега немало никаков застој на процесот. На ова избирачко место во општина Аеродром, засега гласале повеќе од 30 насто од граѓаните запишани во избирачкиот список.
Граѓаните во скопската општина Аеродром очекуваат решавање на секојдневните проблеми со кои се соочуваат , значи исполнување на ветеното.
Според надлежните во избирачкиот одбор, нема забелешки на работењето на уредите за отпечаток на прст.
Марина Стојанова- Тонева
