Авганистан

Лидерот на Талибаците првпат се појави во јавност

31.10.2021 15:12

Им се обрати на поддржувачите и побара божји благослов за водството на Талибанците.

Лидерот на Талибанците, Хабатула Ахунџада првпат се појави во јавност во јужниот авганистански град Кандахар. Им се обрати на поддржувачите и побара божји благослов за водството на Талибанците.

Ахунџада е духовен водач на талибанското движење од 2016 година, но се држеше подалеку од очите на јавноста, дури и откако неговите следбеници ја презедоа власта во Авганистан во август.