Локални избори

Излезноста на гласачите во вториот круг до 17 часот е 42,85 отсто

31.10.2021 17:59

Излезноста на гласачите на вториот круг од локалните избори во 44-те општини каде што се избираат градоначалници до 17 часот е 42,85 отсто. Податокот е од обранотени 83, 29 отсто од избирачките места или 2.044...

Излезноста на гласачите на вториот круг од локалните избори во 44-те општини каде што се избираат градоначалници до 17 часот е 42,85 отсто.  Податокот е од обранотени 83, 29 отсто од избирачките места или 2.044.

По општини најголема излезност има во Вевчани 75,6 отсто, Конче 73,15, Ранковце 71,02. Над 60 отсто имаат Пробиштип, Пехчево, Дебар Македонски Брод, Демир Хисар, Лозово и Демир Капија.

Најмала е излезноста во Сарај 23,41, Шуто Оризари 28,48 и Боговиње 30,23 отсто.

На ниво на Град Скопје од 89,93 отсто обработени избирачки места односно 616, на гласање излегле 39,99 отсто од гласачите.

До ДИК пристигнале 433 приговори за лично избирачко право од кои 378 се прифатени 34 се одбиени и 21 запишани во Избирачкиот список.