Политика

Заев поднесе оставка

31.10.2021 22:56

„Ја преземам одговорноста врз себе за лошите резултати од овие избори“, рече Заев и додаде дека лично како човек е дел од СДСМ и од прогресивниот народ. Нагласи дека останува дел од партијата...

Претседателот на СДСМ и актуелен премиер Зоран Заев вечерва поднесе оставка од двете функции. Им честиташе на сите прогресивни граѓани и им посака на избраните градоначалници од СДСМ доследно да извршуваат градоначалничката функција.

„Ја преземам одговорноста врз себе за лошите резултати од овие избори“, рече Заев и додаде дека лично како човек е дел од СДСМ и од прогресивниот народ. Нагласи дека останува дел од партијата.

Заев им честиташе на противниците за победата на локалните избори. Тој останува на ставот дека не треба да има вонредни парламентарни избори.