Арсовска: Скопје добива жена градоначалник по 30 години од независноста
Арсовска која беше поддржана од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ вечерва прогласи победа во вториот круг на изборите...

Независната кандидатка за градоначалник на Град Скопје, Данела Арсовска која беше поддржана од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ вечерва прогласи победа во вториот круг на изборите.
Ви благодарам што ги поддржавте моите проекти, што одбравте да верувате на човечноста, што истакнавте дека сте против црните кампањи и ми ја дадовте довербата. По тешки битки, мој противник не беше само стариот градоначалник, туку и премиерот во заминување. По 30 години Скопје за прв пат има жена градоначалник. Да побараме одговороност за она што не е сработено. Скопје да го трансформираме во чист, модерен и зелен град. Вечерва да славиме, а од утре да почнеме со работа. Огромна е победата, над 20 илјади гласови според првите резултати, рече Арсовска.
