Oдржан Меморијалниот атлетски крос “Методи Веновски - Мето“
Во огранизација на Атлетскиот клуб Работнички од Скопје, со поддршка на Атлетската федерација на Македонија и од Скопскиот маратон, на кејот на Вардар се одржа 13 –от Меморијален крос “Методи Веновски - Мето“ во спомен на поранешниот тренер и спортски работник во клубот. Во главната трка на 3.000 метри победи Александар Стојаноски од “Маратон Клуб Делта“ со резултат 9 минути, две секунди и 8 десетинки. На трката стартуваа 46 мина, а ја завршија 27 натпреварувачи.

Во женска конкуренција на 2.000 метри од 12 пријавени 9 стигнаа на целта, а најдобра беше Росица Костова, исто така од АК “Делта“ со резултат 7.26.1.
Во пријатни временски услови се одржаа вкупно 10 трки на кои настапија над 150 учесници од македонските клубови, училишта, но и многубројни рекреативци, кои го збогатија настанот.
Резултати од 13-от Меморијален крос “Методи Веновски - Мето“, одржан на 30 март 2014.
3000 м. Меморијална трка, мажи
1. Александар Стојановски (Маратон Клуб Делта)
2. Никола Кутаноски (Маратон Клуб Делта)
3. Атанас Анчевски (Маратон Клуб Делта)
2000 м. Меморијална трка, жени
1. Росица Костова (Маратон Клуб Делта)
2. Катерина Тимчевска (АК Куманово)
3. Адријана Поп Арсова (Маратон Клуб Делта)
100 м. – детска трка, момчиња
1. Владимир Битољану
2. Александар Вељковиќ
3. Давид Димевски
100 м. – детска трка, девојчиња
1. Јасмина Блажевска
2. Бисера Станојковска
3. Леона Јариќ
500 м. машки, 5 и 6 одделение
1. Иван Тимчевски (АК Куманово)
2. Христијан Чакалиќ (ОУ Александар Урдаревски)
3. Филип Стојанов (ОУ Блаже Коневски)
500 м. женски, 5 и 6 одделение
1. Анеса Хајдари (ОУ Рајко Жинзифов)
2. Беина Чаили (Лирија)
3. Бојана Ѓорѓиеска (ОУ Ј.Б.Тито)
1000 м. машки, 7 и 8 одделение
1. Милан Вељковиќ (АК Куманово)
2. Цветко Митревски (Маратон Клуб Делта)
3. Никола Каевиќ (ОУ Александар Урдаревски)
1000 м. женски, 7 и 8 одделение
1. Марија Кузевска (ОУ Димо Хаџи Димов)
2. Бојана Насевска (АК Работнички)
3. Сања Тимчевска (АК Куманово)
2000 м. машки, - рекреативна трка
1. Славе Коевски
2. Војдан Крстевски
3. Нуриамед Адил
2000 м. женски - рекреативна трка
1. Вера Урдаревска
2. Елеонора Ѓелова
3. Амра Ејуп