Локални избори

ОДИХР ќе ја соопшти прелиминарната оценка за вториот круг од локалните избори

01.11.2021 09:46

За првиот круг, нивната оценка беше дека изборите биле конкурентни, со почитување на основните слободи, но правните недостатоци остануваат загрижувачки. На денот на изборите, поточно на 17 октомври, забележале проблеми со биометриската идентификација на гласачите.

Набљудувачката мисија на ОБСЕ-ОДИХР попладне ќе ги соопшти првичните оценки за вториот круг од локалните избори до кој степен изборите се одржуваат во согласност со заложбите на ОБСЕ и другите меѓународни стандарди за демократски избори.

За првиот круг, нивната оценка беше дека изборите биле конкурентни, со почитување на основните слободи, но правните недостатоци остануваат загрижувачки. На денот на изборите, поточно на 17 октомври, забележале проблеми со биометриската идентификација на гласачите.

Процесот на отворање и гласање беше позитивно оценет низ целата земја, но имаше проблеми како што се групно гласање, како и процедурални грешки при пребројувањето и сумирањето.

Својата работа набљудувачката мисија на ОДИХР во земјава ја почна на 7 септември со тим од 16 експерти со седиште во Скопје и вкупно 165 набљудувачи од 29 земји.