САД

Портпаролката на Белата куќа позитивна на Ковид-19

01.11.2021 09:57

Последен пат била во контакт со него во вторникот, кога го сретнала во Белата куќа, но биле на дистанца и носеле маски.

Портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки објави дека се заразила со коронавирус и има благи симптоми. Таа не го придружуваше претседателот Џо Бајден во Европа на самитот на Г-20 во Рим.

Последен пат била во контакт со него во вторникот, кога го сретнала во Белата куќа, но биле на дистанца и носеле маски.

Според Белата куќа, Бајден, кој често се тестира, на последниот тест во саботата бил негативен. Псаки е вакцинирана со две дози вакцини.