Културниот центар „Ататурк“ ги отвори вратите за љубителите на уметноста
На свеченото отворање присуствуваа истакнати уметници, академици, познати бизнисмени како и претставници од невладини организации и локални и странски медиуми.

Културниот центар „Ататурк“ во Истанбул ги отвори вратите за љубителите на уметноста, на 29-ти октомври, на 98-годишнината од основањето на Република Турција. Познат накратко како АКМ, новоизградената современа градба e позната по нејзиниот специфичен дизајн. Станува збор за еден од најголемите уметнички и културни проекти на Министерството за култура и туризам на Турција досега.
На свеченото отворање присуствуваа истакнати уметници, академици, познати бизнисмени како и претставници од невладини организации и локални и странски медиуми.
Целосно реконструиран за две ипол години, АКМ им нуди на посетителите Опера сала од 49.000 квадратни метри и 2.040 седишта, опремена со најсовремена технологија. Центарот, исто така, располага со Театарска Сала од 16.300 квадратни метри, со 802 седишта, Галерија од 410 квадратни метри и повеќенаменска сала.
Во состав на АКМ се и кино, детски уметнички центар, музичка платформа, студио за снимање музика и библиотека дизајнирана како информативен центар за специјализирани теми како што се музика, уметност, архитектура и дизајн. Во рамки на комплексот постои продавницата за дизајн, студиски сали за солисти и оркестар, ресторани, кафетерија, кафулиња за книги, работилници и административни и технички единици.
Културниот центар „Ататурк“ во Истанбул се очекува да биде главна атракција за жителите на градот и за илјадници туристи кои го посетуваат Истанбул од целиот свет.
