Глазгов

Светските лидери на конференција на ОН за климата

01.11.2021 11:25

Најважниот дел од двонеделната конференција ќе биде денеска и утре, кога повеќе од 120 светски лидери ќе пристигнат за да се договорат за соработката во борбата против климатските промени. Многу од прашањата за горливиот проблем- глобалното затоплување, се на дневен ред со децении.

Иницијативата за напуштање на јагленот, шумите, нивната заштита и финансиите ќе бидат во фокусот на самитот на ООН за климата во Глазгов. Најважниот дел од двонеделната конференција ќе биде денеска и утре, кога повеќе од 120 светски лидери ќе пристигнат за да се договорат за соработката во борбата против климатските промени. Многу од прашањата за горливиот проблем- глобалното затоплување, се на дневен ред со децении.

„За време на пандемијата на Ковид-19, климатските промени не мируваа. Извештајот за климатските промени во август беше повик за наше будење. Тој јасно покажа дека светлата трепкаат црвено на климатската табла“ - рече Шарма на отворањето на самитот, оценувајќи дека овој собир е „последна и најдобра надеж“ да се достигне границата на затоплување на планетата до 1,5 целзиусови степени, што беше најамбициозната цел на Парискиот договор за климата.

На важноста на самитот во Глазгов влијаеја и климатските катастрофи кои во меѓувреме го погодија светот. Бавноста на акцијата налути многу еколошки активисти.