Во рок од 10 дена нов мандат
Согласно Уставот, откако ќе се констатира оставката во Парламентот, Претседателот на државата е должен во рок од 10 дена мандатот да му го довери на мандатар кој ќе приложи дека има мнозинство од 61 пратеник. Потоа мандатарот има 20 дена за состав на новата Влада...

Оставката на Зоран Заев од премиерската и лидерската позиција во СДСМ сѐ уште не е доставена официјално до Собранието. Согласно Уставот, откако ќе се констатира оставката во Парламентот, Претседателот на државата е должен во рок од 10 дена мандатот да му го довери на мандатар кој ќе приложи дека има мнозинство од 61 пратеник. Потоа мандатарот има 20 дена за состав на новата Влада, но тоа ќе го видиме откако ќе поднесе оставка Зоран Заев, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Ние ќе се обидеме да направиме ново парламентарно мнозинство имајќи ги во предвид сите предизвици со кои се соочува државата, но ако не успееме во сите тие напори, најдобро е да има предвремени парламентарни избори, бидејќи оваа влада, ова мнозинство го изгубија политичкиот кредибилитет и народот ја испорача фактурата што требаше да ја испорача, изјави координаторот на пратеничката група Мицевски.
Според некои информации, Заев најверојатно попладне ќе седне на маса со лидерите од владината коалиција за да се прецизира како ќе се дејствува натаму.
