Горива

Бензините поскапи за половина денар, дизелот поевтин

01.11.2021 13:23

Од полноќ бензините поскапуваат за половина денар, а дизелот за исто толку поевтинува, одлучи Регулаторната комисија...

Малопродажните цени на бензините Eуросупер БС-95 и Eуросупер BS-98 се зголемуваат за половина денар, реши Регуларорната комисија за енергетика. Од полноќ, Еуросупер БС-95 ќе се продава за 77 денари за литар, додека 98-цата ќе чини 79 денари.

Еуродизелот и екстра лесното масло за домаќинство се намалуваат за половина денар за литар. Еуродизелот ќе изнесува 68 денари, додека екстра лесното масло за домаќинство, 67,5 денари. Се намалува и малопродажната цена на Мазутот, и  ќе изнесува 42,135 денари за колиграм.

Во изминатиот седумдневен период референтните цени на светските берзи во просек бележат зголемување кај бензинот за 1,292 проценти , кај дизелот има намалување за 0,461 проценти , кај екстра лесното масло намалувањето е за 0,817 проценти и кај мазутот намалувањето е за 0,838 проценти. Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е повисок за 0,103 проценти, информира РКЕ.