710 поранешни функционери ќе се соочат со казни
710 поранешни функционери не поднеле анкетен лист до Антикоруционерите во предвидениот законски рок од 30 дена по престанокот на нивната функција. На сите нив ќе им биде изготвен прекршочен налог, изјави претседателката Ивановска...

Над 40 пријави пристигнале до Антиорупционерите поврзани со сомневања за повреда на изборниот законик во периодот до 25-ти октомври. Повеќето од нив комисијата ги отфрли како неосновани.
Голем интерес предизвика случајот на директор на јавно прептријатие кој се вработил во него. Откако дал оставка, в.д. директорот го вработил во претпријатието за да потоа повторно биде избран како директор воедно останувајќи и на другото работно место. Доколку Обвинителството ја прифати иницијативата на комисијата, градоначалникот и в.д. директорот како и директорот, поради ова ќе се соочат со кривична пријава.
Комисијата утврдила дека 710 поранешни функционери не поднеле анкетен лист во предвидениот законски рок од 30 дена по престанокот на нивната функција. Претседателката Ивановска објасни дека до оваа бројка дошле по увидот во службен весник за избори - именувања како и во сопствената евиденција. На сите ќе им биде изготвен прекршочен налог, додаде Ивановска.
Антикорупционерите разгледуваа случаи и за акумулација на функции на адвокати во општински совети, на директори и на други функционери.
Фиљана Кока
