Унгарија: Декрет на вакцинација за работа
Унгарската влада издаде декрет со кој на работодавачите им се овозможува да побараат од нивниот персонал да биде имунизиран против Ковид-19 како услов за работа...

Унгарската влада издаде декрет со кој на работодавачите им се овозможува да побараат од нивниот персонал да биде имунизиран против Ковид-19 како услов за работа, доколку сметаат дека тоа е неопходно во интерес на безбедноста на вработените.
Оние што ќе одбијат може да бидат ставени на неплатено отсуство за една година или да бидат и отпуштени по тој период, доколку сè уште не се вакцинирале.
Бројот на пациенти во светот кои починале од коронавирус надмина пет милиони. Според податоците од американскиот универзитет „Џон Хопкинс“, само во последните 28 дена имало речиси 200.000 смртни случаи како последица од Ковид-19.
