Глазгов

Светските лидери на самит за спас на планетата

01.11.2021 14:49

Светските лидери на самит за спас на земјата. Јаглен, автомобили, пари и дрвја-британскиот премиер Џонсон ги претстави главните теми на конференцијата на Обединетите нации за климатските промени...

„Светлата на климатската табла трепкаат црвено“- упатен апел за будење на светот на првиот ден од двонеделниот самит на ООН за климата во Глазгов.

„Климата што брзо се менува е аларм за светот да се засили со адаптацијата, да се справи со загубите и штетите, и да дејствува сега. Овој собир е последна и најдобра надеж да се задржи границата на затоплување на планетата до 1,5 целзиусови степени. Сега знам дека ни претстои невидена агенда за преговори, но верувам дека овој меѓународен систем може одговори“, изјави Алок Шарма, претседател на Климатската конференција.

Додека светските лидери пристигнуваат, повеќе од 120 земји ќе треба да се исправат пред горливиот проблем кој со децении чека на дневен ред да биде решен. Иницијативата за напуштање на јагленот, шумите, нивната заштита и финансиите ќе бидат во фокусот на разговорите. Домаќинот на светскиот самит за справување со климатските промени, британскиот премиер, Борис Џонсон со предупредување- сега е пет минути до 12 за спас на планетата.

„Ова е многу итно, не само за нашата земја, туку за целиот свет. И кога би требало да направам споредба, би рекол дека е последен момент за спас на планетата, часовникот отчукува. Мораме да ги натераме сите да направат повеќе“, рече Борис Џонсон, премиер на Велика Британија.

На ист став и првиот човек на светската организација Гутереш. Тој вели дека Глазгов, мора да биде „пресвртница за човештвото и за планетата“. Дека стравот е оправдан укажува и извештајот на светската метеоролошка организација, според кој, последните 7 години биле најтопли досега. Планетата се трансформира пред нашите очи. Климатските катастрофи кои во меѓувреме го погодија светот дополнително влијаеа на важноста на самитот. Бавноста на акцијата налути многу еколошки активисти.

 

Бојана Крстевски