Француската десница очекува победа при вториот круг од локланите избори

30.03.2014 18:15

Од осум часот изутринава, французите се повикани да гласаат за вториот круг на локалните избори. Главниот влог на овие избори е колку голем ќе биде поразот на владеачката социјалистичка партија и нејзините коалициони партнери, односно кој ќе го искористи поразот умерената десница или Националниот фронт, пред евентуалната рекоснтрукција на владата.

Предизборниот молк е на сила од петокот на полноќ, откога е забрането лепење на плакати, Делење на летоци, испраќање на пропагандна електронска пошта или држење на митинзи.

Сe гласа само во 6455 општини од вкупно 36000, од кои 4678 со помалку од 1000 жители гласањето е според мнозинскиот систем, и во 1777 општини со над 1000 жители гласањето е со листа. Во пет општини нема ниту еден кандидат и тие ќе бидат ставени под туторство на префектурите.

Во 986 општини со над 1000 жители во трката остануваат три листи, во 207 општини има по четири лист, во 16 општини има 5 листи и во Поинезија во една општина дури седум листи останаа во вториот круг.

Една недела по поразот од првиот круг на локалните избори, социјалистите се обидуваат денес да го ублажат поразот, откако пред урните не се појавија дури 36,45% од избирачите, од кои побројни беа тие кои вообичаен гласаат за левицата.

Така голем број градови можат да преминат во рацете на десницата, као Стразбур, Тулуз, Сант Етиен, Ремс, Мец, Кан (Нормаднија), Ангулем, Белфор, Шамбери, Роан или Периго. Додека уште две до три општини и во рацете на Националниот Фронт на Марин Ле Пен, откако по првиот круг оваа крајно десничарска партија доби најмногу гласови во 21 општина.

Според сите најави, претседателот Франсоа Оланд ќе треба набрзо да извлечи поука од локалните избори и без да ги чека европските избори да изврши промена на владата.

Зад кулисите во Париз веќе се води битка кај социјалистите кој ќе биде назначен за премиер, досегашниот Жан-Марк Ејро или новите кандидати, Лоран Фабиус (шефот на дипломатијата), Мануел Валс (министерот за внатрешни работи), Клод Бартолон (претседателот на Собранието) или Бертран Деланое (досегшаниот градоначалник на Париз). Промените во владата се очекуваат во текот на идната недела.

Според бројките од министерството за внатрешни работи до пладне гласале 19,83% од гласачите, што е помалку во споредба со првиот круг од минатата недела кога имаа гласано 23,16% од ггласачите.

Тони Гламчевски