ГЛАЗГОВ

Декларација за заштита на шумите до 2030 година

02.11.2021 10:11

Декларацијата ја поддржаа и Бразил, Индонезија и Конго кои имаат огромни територии со тропски дождовни шуми.

Над 100 светски челници кои се дел од климатската конференција во Глазгов ветија дека до крајот на деценијата ќе го запрат уништувањето на шумите и почвата. За оваа цел ќе обезбедат 19 милијарди долари од јавните и приватните средства.

Декларацијата ја поддржаа и Бразил, Индонезија и Конго кои имаат огромни територии со тропски дождовни шуми.

Според непрофитната организација ВРИ, шумите апсорбираат околу 30% од емисиите на јаглерод диоксид. Но, оттаму предупредуваат дека овој т.н. „природен климатски тампон“ постепено исчезнува.