Концерт
Мастерклас со словенечкиот маестро Лајовиц во Филхармонија
02.11.2021 10:21
Концертот ќе го водат млади диригенти кои ќе учествуваат на мастеркласот кој ќе го води познатиот словенечки маестро Урош Лајовиц.

Овој петок, во 20 часот оркестарот на Филхармонија ќе го одржи концертот насловен „Мастерклас со Лајовиц“ на кој како солист ќе настапи македонскиот виолончелист Паскал Краповски. На програмата се дела од Росини, Хајдн и Дворжак.
Концертот ќе го водат млади диригенти кои ќе учествуваат на мастеркласот кој ќе го води познатиот словенечки маестро Урош Лајовиц. Тие оваа недела ќе работат со оркестарот на Филхармонија, а најдобрите ќе го водат концертот в петок.
