Здравство

6.711 активни ковид- случаи во земјава, половината од нив се во Скопје

02.11.2021 10:35

Според епидемиолошки анализи во моментов, во Скопје има 3.399 активни случаи, следи Куманово со 413, Велес – 321, Прилеп – 291, Битола – 245, Штип – 205. Во другите градови има под 200 активни случаи.

Вкупниот број ковид-дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 202.705, бројот на оздравени пациенти е 188.849,на починати е 7.145, а бројот на активни случаи изнесува 6.711- покажува последната статистика на Министерството за здравство.

Според епидемиолошки анализи во моментов, во Скопје има 3.399 активни случаи, следи Куманово со 413, Велес – 321, Прилеп – 291, Битола – 245, Штип – 205. Во другите градови има под 200 активни случаи.

Првиот ден од оваа седмица, регистриран е благ пад на бројот на новозаразени со Ковид-19 во однос на просекот на работните денови, кој последните месеци се движи од 10 до 16 проценти. Вчера тој процент беше 9,8 отсто, односно од направени 1.549 тестирања, беа евидентирани 153 нови случаи на Ковид-19.

Во претходното деноноќие беа евидентирани и 11 починати лица и уште две други пријавени преку „Мој термин“ со датум на смрт од 22 до 31 октомври.

Досега се ревакцинирани 46 отсто од полнолетните граѓани, а 30.852 лица примиле трета доза, соопшти вчера Министерството за здравство. Заклучно со 31 октомври вкупно се вакцинирани 805.008 граѓани, а ревакцинирани се 775.825.