Брегзит: Париз ги одложува санкциите за Лондон

02.11.2021 10:37

Официјален Париз претходно се закани дека ќе го блокира истоварот на британските бродови на пристаништата поради спорот околу лиценците на француските пловила.

„Франција ги одложува санкциите за Обединетото Кралство, продолжуваат преговорите околу правилата за риболов“, изјави претседателот Емануел Макрон.

Официјален Париз претходно се закани дека ќе го блокира истоварот на британските бродови на пристаништата поради спорот околу лиценците на француските пловила.

Лондон ја поздрави одлуката на Макрон и изрази подготвеност за интензивирање на дискусиите.

В четврток е закажанa средба меѓу министерот за Брегзит Лорд Фрост и францускиот министер за европски прашања Клемент Боне.