Познат идентитетот на битолчанката што се удави во реката Драгор

30.03.2014 18:18

Завршена е обдукцијата и идентификувана е жената чие тело синоќа беше пронајдено во водите на реката Драгор во Битола, потврди СВР- Битола.
 
- Станува збор за битолчанката Дијана К. родена 1962 година, која претходно беше пријавена како исчезната. Според извршената обдукција не се пронајдени траги на насилство и смртта најверојатно е предизвикана од давење во водите на реката Драгор, информираат од СВР- Битола.
 
Трупот бил пронајден во речното корито кај месноста викана Црн Мост и извлечен со интервенција на посебна екипа на територијалната противпожарникарска единица.
 
Истрагата за утврдување на причините за овој несреќен случај е во тек.