Локални избори
ДИК: До 10 часот пристигнати седум приговори
02.11.2021 11:01
Заклучно со 10 часот изутрината до Државната изборна комисија се поднесени седум приговори во однос на постапката за сумирање и утврдување на резултатите во седум избирачки места во општината Старо Негоричане...

Заклучно со 10 часот изутрината до Државната изборна комисија се поднесени седум приговори во однос на постапката за сумирање и утврдување на резултатите во седум избирачки места во општината Старо Негоричане. Сите приговори, велат од ДИК, се од политичката партија ТМРО.
Приговорите се однесуваат на постапката за сумирање и утврдување на резултатите во избирачките места 1156, 1178, 1157, 1182, 1183, 1176 и 1181 во општина Старо Нагоричане.
