ВМРО-ДПМНЕ: Заев блефира за оставката
Од ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека Заев блефира. Велат дека социјалдемократите не си стојат на зборот и повторно ги потценуваат граѓаните.

Оставката што ја најави Зоран Заев од премиерската позиција сѐ уште не е доставена официјално до Собранието. Од ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека Заев блефира. Велат дека социјалдемократите не си стојат на зборот и повторно ги потценуваат граѓаните.
„Зоран Заев повторно блефираше и остана на фејсбук оставка, но не ја достави со допис до Парламентот. Оттука се гледа дека оставката на Заев е иста како и оставката на Филипче, ја поднесе за да не биде прифатена и потоа да одбегне одговорност. СДСМ не си стои до зборот и повторно ги потценува граѓаните. Политиките на Заев и неговиот систем се жестоко поразени. Народот гласаше за промени. Ова што сега го гледаме од СДСМ е препелкање во сопствената кал и продлабочување на поразите“, изјави Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
Доста е со поигрување со волјата на граѓаните. Владата повеќе нема никаков кредибилитет и истата е детронизирана, велат од партијата.
