Енергетика

Истече рокот за доставување понуди за јаглен за РЕК Битола

02.11.2021 11:47

На претходниот тендер за набавка на јаглен за РЕК Битола и за ТЕЦ Осломеј се јавија вкупно 9 компании, од кои 5 со понуди за испорака на лигнит за Осломеј. Бидејќи понудените количини целосно не ги покриваа потребите на битолскиот комбинат се објави нов.

Истече рокот за доставување понуди за испорака на на 900 илјади тони јаглен за потребите на РЕК Битола. Со овој лигнит би се активирал третиот блок на термоцентралата, за да се задоволат потребите на домаќинствата и на компаниите во шпицот на зимската потрошувачка на електрична енергија.

На претходниот тендер за набавка на јаглен за РЕК Битола и за ТЕЦ Осломеј се јавија вкупно 9 компании, од кои 5 со понуди за испорака на лигнит за Осломеј. Бидејќи понудените количини целосно не ги покриваа потребите на битолскиот комбинат се објави нов.

Тендерската комисија до утре ќе ги чека евентуално испратените понуди по пошта, и потоа ќе се пристапи кон отворање и нивна евалуација.