Заврши гасификацијата на струмичката болница
Гасифицирана е струмичката болница. Од раководството велат дека со гасификацијата не само што ќе се подобри амбиенталниот воздух, во болничката каса ќе се заштедат до 3 милиони денари…

Заврши гасификацијата на струмичката болница, откако во јуни беше поставена и котларницата, а сега веќе тече компресираниот гас кој го користи јавното претпријатие „Струмица гас“. Од раководството на болницата велат дека по предходно направените анализи драстично ќе се намали финансискиот трошок за затоплување на болницата, а во болничката каса ќе заштеделе до 3 милиони денари.
Од ЈП „Струмица гас“ велат дека со гасифицирањето на струмичката болница се очекува и подобрување на амбиенталната средина на воздухот, бидејќи до минатата година објектот беше посочуван како еден од најголемите загадувачи на воздухот.
Струмица е гасифицирана веќе девет години, а на мрежата се приклучени сите средни и и општински училишта како и државните инстиуции, но и околу 300 домаќинства го користат компресираниот гас. Општина Струмица субвенционира по 100 евра за домаќинство што се приклучува на гасоводната мрежа.
Стојне Митева
