Штип

Независниот синдикат бара повисоки плати за пожарникарите, нова заштитна опрема и возила

02.11.2021 13:36

Недоволен број пожарникари, стара заштитна опрема, стари возила и ниски плати. Пожарите летово ги извадија децениските проблеми на виделина. Синдикатот бара вреднување на трудот на пожарникарите исто како специјалните единици во МВР. Општините на истокот планираат регионален центар за пожари и доброволни противпожарни друштва...

Големите пожари летово на виделина ги извадија проблемите во противпожарната заштита во државата, вели првиот човек на Независниот синдикат на пожарникарите. Наместо законски предвидените 1.400, во моментот државата од пожари ја штитат 850 пожарникари, слабо платени, со стара опрема возила. Законот предвидува платите на пожарникарите да бидат за 20 насто повисоки од платите на вработените во општината со исто ниво на образование.

Усогласување на бодот за пресметка на платите на штипските пожарникари, нова опрема и возило најави градоначалникот на Штип. Пожарите на истокот летово ја наметнаа и потребата за формирање на Координативен пожарен центар.

Синдикатот смета трудот на пожарникарите треба да се вреднува исто како на специјалните единици во Министерството за внатрешни работи.

 

Славица Величковска