Ковид-19

Втора недела скрининг во училиштата

02.11.2021 14:14

Тече втората недела од корона скринигот во училиштата. Според здравствените власти предвидено е околу 8.200 ученици да бидат тестирани во рамки на скринингот. Токму од резултатите од скринингот ќе зависи и како понатаму ќе се одвива наставата во училиштата и дали ќе има дополнителни мерки за безбедност и заштита на здравјето на децата...

Во тек е втората недела од корона-скринингот во училиштата. Според здравствените власти предвидено е 8.200 ученици да бидат тестирани.  Со денешната проверка беа опфатени учениците од Батинци, Студеничани, Зелениково и Сопиште.

Брисевите се земаат според случаен избор на учениците од регистерот во електронскиот дневник и со согласност на родителите. Директорот на училиштето во Студеничани вели дека вакви тестови треба да се спроведуваат почесто поради поголема безбедност.

Од резултатите од скринингот ќе зависи и натомошното одвивање на настава во училиштата, како и дополнителните мерки за безбедност и заштита на здравјето на учениците. Целта на тестирањето е откривање можни асимптоматски носители на коронавирусот во училиштата и спречување на трансмисијата.

 

Ана Јосифоска- Тодоровска