Новите функционери да го пријават имотот
Антикорупциската комисија ги повика новоизбраните функционери да ја пријават имотната состојба. Да внимаваат на судирот на интереси, и во своето работење да не се водат од лични, семејни, партиски или етнички интереси, ниту да потклекнуваат на притисоци и ветувања од претпоставените или од други лица, им порача претседателката на комисијата Билјана Ивановска. Ги предупреди - новата функција може да биде неспоива со други работни обврски коишто ги имале претходно...

Антикорупциската комисија ги повика новоизбраните фукнционери во рок од 30 денови да ја пријават имотната состојба, да внимаваат на судирот на интересите и во своето работење да не се водат од лични, семејни, партиски или етнички интереси ниту да потклекнуваат на притисоци и ветувања, рече претседателката на Комисијата Ивановска.
За непочитување на обврските, потсети- следува прекрошочна пријава или опомена. Градоначалник или советник истовремено не може да биде член на управен или надзорен орган во трговско друштво, јавни претпријатија, агенции, како и во фондови со доминантен државен капитал.
Комисијата го разгледа и договорот за снимање со дрон на шумските површини во скопско за откривање на растителни болести, односно ангажманот на фирмата на, како што рекоа, партнерот на министерката за образование.
Комисијата постапуваше и по предметот за 280 вработувања во АД „Пошти“ и утврди дека не се потврдиле наводите за партиски вработувања пред изборите.
Анита Димитријевска Велковска
