ИКТ- клучен играч во борбата со климатските промени
Информатичко- комуникациските технологии се клучен играч во борбата со климатските промени. Тие треба да ги поттикнат компаниите да инвестираат во развојот на зелени дигитални проекти и услуги, во корист на животната средина, општеството и економијата. Дигиталната трансформација треба да ги опфати енергијата, транспортот, земјоделството и градежништвото...

Компаниите да инвестираат во развојот на зелени дигитални проекти и во еколошко работење, велат експертите. Транспортот, земјоделството и градежништвото се секторите во кои е потребна итна дигитализација. Стопанството треба да обезбеди помала емисија на штетни гасови. Информатичката индустрија станува клучен играч во борбата со климатските промени.
Според директорот на Фондот за иновации и технолошки развој, Петров лани преку јавен повик биле реализирани 260 проекти за домашни компании и проекти за намалување на стакленичките гасови.Вклучени се и младите кои развивале решенија за справување со климатските промени.
Од Фондот велат дека следната година ќе биде година на зелени бизниси. Се планира во македонските компании поеднично да се вбризгаат од 100 илјади до 1,5 милиони евра за зелени стартапи.
Дијана Ценевска
