Предлог- буџетот за идната година тежи 4,4 милијарди евра
Државната каса за идната година поголема од лани. Ќе тежи 4,4 милјарди евра. Според владините проекции предвиден е економски раст од 4,6 проценти и буџетски дефицит од 4,3 насто. Првиот финансиер Бесими најави стабилизација на инфлацијата и зголемување на бруто инвестициите од 8,5 насто...

Владата ќе го сервисира долгот следната година со пари од домашни и странски извори, најави министерот за финансии Фатмир Бесими, презентирајќи го денеска пердлог- буџетот за 2022 година. Буџетскиот дефицит ќе изнесува 4,3 проценти од БДП или 33,5 милијарди денари,односно 544,4 милиони евра. В година ќе се враќаат и 188 милиони евра стари кредити.
На крајот на годината, јавниот долг ќе биде 65,5 проценти од БДП. Буџетот ќе биде целосно ликвиден и навреме ќе ги сервисира сите потреби, рече Бесими.
Бесими најави изадавање на четири видови нови обврзници, односно развојни, зелени, проектни и обврзници индексирани со инфлацијата.
Според него, со парите позајмени преку развојни обврзници ќе се финансираат најмногу капитални проекти и капитални расходи, зелените се за потикнување проекти за унапредување и заштита на животната средина, а проектните ќе се врзуваат со финансирање конкретен проект. За обврзниците кои се индексирани со инфлација, Бесими рече дека ќе имаат троен ефект, односно ќе ја намалат готовината во оптек и ќе придонесат за намалување на неформалната економија.
Вкупните буџетски расходи идната година ќе изнесуваат 272,4 милијарди денари односно околу 4,43 милијарди евра, додека вкупните приходи се проектирани на 238,9 милијарди денари или околу 3,8 милијарди евра. Министерот најави дека е планирано и предвремено враќање на дел од надворешниот долг.
Марина Стојанова- Тонева
