Занаетчиска комора: Нереално е 18.000 денари минимална плата
Занаетчиите не можат да обезбедат 18.000 денари минимална плата, без помош на државата, сметаат од Занаетчиската комора. Тие укажуваат дека дејноста сѐ уште е во криза, со ограничен пазар, па велат- едвај ја исплаќаме и оваа плата. Занаетчиите бараат и малите фирми, да се ослободат од плаќање на индустриска електрична енергија, која што велат е прескапа...

Нереално е микро и малите занаетчиски фирми да опстојат и да обезбедат 18.000 денари минимална плата, во време на пандемија и ограничен пазар, реагираат од Занаетчиската комора. Од ова здружение укажуваат дека иницијативата за зголемување на минималната плата е за поздравување, меѓутоа посочуваат дека се неопходни субвенции од државата за нејзината реализација.
„Ние сме уште во криза, едвај ја плаќаме оваа минимална плата и другите давачки кои што ги имаме на државата, но би сакал и да нагласам без оглед која ќе биде власта, доколку се направи минималната плата 18.000 денари, би нагласил дека мора да се субвенционира, така што ќе додадат 3.000 денари во таа наша минимална плата како што даваат на јавната администрација“, вели Агрон Фазлии, претседател на Занаетчиска комора.
Од Занаетчиската комора бараат и нивните членови, занаетчиите со мали фирми, да се ослободат од плаќање на индустриска електрична енергија, која што велат е прескапа. Апелираат да се изнајде друга гранка за оданочување, помеѓу домаќинства и индустрија, за да им се олесни и така лошата економска состојба.
„Да не биде тоа индустриско оданочување, бидејќи во индустријата не спаѓаат микро и малите фирми, и затоа имаме барање до владата, бидејќи на пример еден бербер не може еден фен да биде во индустрија или микро, малите фирми да бидат инструстриски оданочувани од компании во кои плаќаме прескапа струја“, дополни Фазлии.
Барањата за намалување на цената на електрична енергија за занаетчиите веќе се доставени до надлежните министерства и Владата.
Елена Георгиевска
