Ограбена црквата „Св. Ѓоргија“ во Белица
30.03.2014 18:28
Вчера во 16:30 часот, С.Љ. од Кичево, пријавил дека во точно неопределено време во изминатите 2-3 денови од страна на непознат сторител извршена била кражба во црквата „Св. Ѓорѓија“ во село Белица, известуваат од полициската станица од Кичево.
Сторителот со употреба на погоден предмет го скршил цилиндерот од влезната врата, влегол внатре, каде во внатрешноста пронашол алат-копач и со него насилно ја отворил дрвената врата од иконостасот.

Дали се одземени предмети дополнително ќе биде констатирано, како и причинетата материјална штета. Увид на лице извршила увидна екипа на Полициската станица - Кичево.