Локални избори

Поднесени 13 приговори до ДИК

02.11.2021 15:51

До Државната изборна комисија поднесени се вкупно 13 приговори за постапката за гласање и за постапката за сумирање и утврдување на резултатите од изборите...

Заклучно со 15 часот, до Државната изборна комисија поднесени се вкупно 13 приговори за постапката за гласање и за постапката за сумирање и утврдување на резултатите од изборите.

Седум од приговорите се од политичката партија ТМРО, кои се однесуваат на постапката за сумирање и утврдување на резултатите во избирачките места 1156, 1178, 1157, 1182, 1183, 1176 и 1181 во општина Старо Нагоричане.

Шест приговори се поднесени од Коалицијата предводена од СДСМ, кои се однесуваат на избирачките места 2966/1 и 2958/1 во општина Шуто Оризари, избирачкото место број 1612 во општина Конче и избирачките места 835, 874 и 865 во општина Кочани.