Политика

Димитров на состанок за иницијативата „Отворен Балкан“ во Белград

03.11.2021 09:11

Поттикнувањето на регионалната соработка преку иницијативата „Отворен Балкан“ продолжува на работен состанок денеска и утре во Белград...

Поттикнувањето на регионалната соработка преку иницијативата „Отворен Балкан“ продолжува на работен состанок денеска и утре во Белград, на којшто ќе учествува вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров.

Агендата за работниот состанок што се организира во соработка со Атлантскиот совет, опфаќа панел дискусија на тема „Дигиталната трансформација како подадена рака за регионална интеграција“ на која ќе бидат усвоени заклучоци, по што ќе биде одржана и прес–конференција.

Воедно, предвидени се лидерски средби и средби со претставници на компании од Македонија, Албанија и Србија на кои што ќе биде разговарано за олеснување на трговијата.