Енергетика
Утре ќе се знае исходот од тендерот за набавка на јаглен за РЕК Битола
03.11.2021 10:02
Со овој лигнит би се активирал третиот блок на битолската термоцентрала, за да се задоволат зголемените потреби на домаќинствата и на компаниите во шпицот на зимската потрошувачка на електрична енергија.

Утре ќе се знае исходот од тендерот за набавка на 900 илјади тони јаглен за потребите на РЕК Битола. Вчера заврши рокот за достава на понудите.
Со овој лигнит би се активирал третиот блок на битолската термоцентрала, за да се задоволат зголемените потреби на домаќинствата и на компаниите во шпицот на зимската потрошувачка на електрична енергија.
Наскоро се очекува и постапка за купување мазут за ТЕЦ Неготино.
