Ковид-19

САД: Нова фаза од кампањата за вакцинација на децата

03.11.2021 10:08

28 милиони деца во САД ќе имаат право да ја примат вакцината во две дози, како и возрасните, но во помали микрограми по инекција...

Американскиот центар за контрола и превенција на болести препорача вакцинирање деца на возраст од пет до 11 години со вакцината на „Фајзер“ откако американската Агенција за лекови ја одобри нејзината употреба за таа возрасна група кон крајот на минатата недела.

Со оваа одлука, 28 милиони деца во САД ќе имаат право да ја примат вакцината во две дози, како и возрасните, но во помали микрограми по инекција.