Републиканец победи на изборите за гувернер во Вирџинија
Јангкин, беше сметан за полтички аутсајдер, но направи остар скок во последните седмици. Исходот на изборите за гувенрер во САД силно се доживуваат како претскажување за резултатите од изборите за Конгресот во 2022 година.

54-годишниот Републиканец, Глен Ален Јангкин победи на изборите за гувернер на Вирџинија-сојузната држава која во последните неколку години беше бастион на Демократите.
Јангкин, беше сметан за полтички аутсајдер, но направи остар скок во последните седмици. Исходот на изборите за гувенрер во САД силно се доживуваат како претскажување за резултатите од изборите за Конгресот во 2022 година.
На нив ќе се одлучува кој ќе го контролира американскиот парламент, а со тоа и иднината на политичката програма на претседателот Џо Бајден.
