Се чисти коритото на реката Серава
Новата локална власт во Бутел почна со работа. Се чисти коритото на реката Сеава по цела деценија полнење со шут и отпад. По завршување ќе почне уредување на кејот...

Цели 10 години коритото на реката Серава е полно со шут и отпад, конечно овој проблем ќе биде решен.
Новата локална власт во Бутел почна да го чисти и уредува коритотo на реката Серава. Градоначалникот Костовски вели дека ова е еден од клучните проекти кои ги ветил во неговата програма и чијашто реализација почнува денес.
Најави дека чистењето ќе се одвива етапно, а на кејот на Серава ќе се изгради и трим патека која ќе биде место за реакреација и дружење на бутелчани.
Чистењето на коритото на реката Серава ќе заврши на пролет, а потоа ќе се почне и со уредувањето на кејот и изградбата на трим патеката.
Проектот се реализира со финансиска поддршка од повеќе општествено одговорни фирми, а за наредната година ќе бидат предвидени средства во буџетот на општината за 2022-ра.
Викторија Милевска
