Политика

Оставката на Заев сѐ уште не е стигната до собраниските служби

03.11.2021 12:54

Владината коалиција е против предвремени избори. Велат, парламентарното мнозинство е стабилно и треба да продолжи, нови избори би ја втурнале земјата во криза...

Најавената оставка на премиерот Заев не е стигната до собраниските служби, но од кабинетот уверуваат дека нема менување на ставот и одоговлекување. Велат дека се во тек консултации со органите на партијата и со коалиционите партнери.

Владината коалиција е против предвремени избори. Велат, парламентарното мнозинство е стабилно и треба да продолжи, нови избори би ја втурнале земјата во криза и ќе ги закочат евроинтегративните процеси.