Политика

Мицкоски бара брзи предвремени парламентарни избори

03.11.2021 13:00

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ смета дека ново парламентарно мнозинство не е опција. Владата го изгуби кредибилитетот, тоа го покажаа резултатите од локалните избори.

Веднаш, брзи предвремени парламентарни избори се единствено решение за излез од сегашната состојба, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Mицкоски. Ако биде одбиен предлогот, кризата ќе се продлабочи.

Мицкоски смета дека ново парламентарно мнозинство не е опција. Владата го изгуби кредибилитетот, тоа го покажаа резултатите од локалните избори.

„Во овој момент најдобро решение за Македонија е без одлагање брзи предвремени парламентарни избори со почитување на уставните и законски рокови кои ќе обезбедат цврста и стабилна влада за решавање на актуелните проблеми и вадење на Македонија од кризата во која ова корумпирана влада ја втурна. Брзи избори за кои нема да има алтернатива, затоа што потребна е стабилна влада и надминување на кризите со кои ќе се соочиме“, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски.