На ден пред изборите
Владата донела уредба за кризна состојба при недостаток од струја
03.11.2021 13:04
Уредбата не значи по автоматизам и прогласување кризна состојба поради нарушено снабдување со електрична енергија. За тоа треба да биде известен Секретаријатот на енергетската заедница...

Во саботата Владата донела уредба со критериуми и услови за прогласување кризна енергетска состојба и рестрикции во снабдувањето на потрошувачите. Операторите на системите за пренос и за дистрибуција, МЕПСО и ЕВН, ќе можат да утврдат кои се приоритетните категории на потрошувачи на струја за да се овозможи нивно снабдување.
Уредбата не значи по автоматизам и прогласување кризна состојба поради нарушено снабдување со електрична енергија. За тоа треба да биде известен Секретаријатот на енергетската заедница.
Владината уредба е објавена во Службен весник.
