Фудбал

Пелистер на врвот

30.03.2014 19:15

Нова првенствена рунда, нов лидер на табелата! 25-то првенствено коло го исфрли Пелистер на водечката позиција. Битолските фудбалери не ја пропуштија шансата  да  ги освојат бодовите против Гостивар и да ја поведат трката за шампионската титула. Во Турново се случи резултатски „земјотрес“. Хоризонт загуби од Шкендија  со 2:0, втор последователен пораз со кој  ја губи кондицијата  во пролетниот спринт  за титулата. Напредок со 6 примени голови го плати цехот за последните неуспеси на Вардар.Металург и натаму игра со големи резултатски осцилации.

Нова првенствена рунда, нов лидер на табелата! 25-то првенствено коло го исфрли Пелистер на водечката позиција. Битолските фудбалери не ја пропуштија шансата  да  ги освојат бодовите против Гостивар и да ја поведат трката за шампионската титула. Во Турново се случи резултатски „земјотрес“. Хоризонт загуби од Шкендија  со 2:0, втор последователен пораз со кој  ја губи кондицијата  во пролетниот спринт  за титулата. Напредок со 6 примени голови го плати цехот за последните неуспеси на Вардар.Металург и натаму игра со големи резултатски осцилации. На патот на „металурзите“ дефинитивно да ги вратат шансите за титулата им се испречи Ренова. Во безличните 0:0  меѓу Еуромилк и Брегалница, поголема вредност има бодот на Штипјани.

Резултати од 25 коло:

Еуромилк- Брегалница 0:0

Металург-Ренова   2:2

Пелистер-Гостивар 2:0

Хоризонт-Шкендија 0:2

Вардар-Напредок 6:0

Работнички-Македонија ЃП 2:0

Табела:

1.Пелистер     47

2.Работнички 44

3.Вардар         42

4.Хоризонт     41

5.Металург     41

6.Шкендија     36

7.Ренова          33

8.Брегалница   33

9.Еуромилк      32

10.Македонија ЃП  23

11.Напредок      14

12.Гостивар       14