Конференција за придобивките од медијацијата
Пандемијата со Ковид–19 значително се рефлектира на процесот на решавање на споровите со медијација, јавните институции и приватниот сектор не се доволно информирани за придобивките од вонсудското решавање, и ретко се практикува, заклучок по истражувањето на Институтот за европски политики...

И приватниот сектор и администрацијата не се доволно запознаени за придобивките од вонсудското решавање на споровите по пат на медијација, покажа инстражувањето на Институот за европски политики. Дури и оние коишто се запознаени, немаат желба да ја користат. Странките бараат да се доуредат законите кои третираат работни и спорови од помала вредност.
Медијацијата се покажала како најефикасна за решавање на работните спорови, стопанските за долг до милион денари како и оние од областа на образованието. Пандемијата од Ковид – 19 значително се рефлектирала врз работата на медијаторите, кои сега прибегнуваат кон користење разни онлајн алатки за ефикасно да ја завршат работата.
По пат на медијација, споровите можат да се решат за неколку дена, а чинат десет пати помалку од трошоците што се издвојуваат за судска постапка.
Анита Димитријевска Велковска
