Димитров- Ветингтон: Продолжува соработката со ИРИ во областите од стратешка важност
Како што соопшти СЕП, вицепремиерот Димитров ја истакна поддршката на Меѓународниот републикански институт за јакнење на демократските процеси и капацитети на Северна Македонија, кои достигнувања беа нотирани во Извештајот на ЕК за земјата, објавен месецов.

Актуелни прашања на домашен и меѓународен план, вклучително и статусот на евроинтегративниот процес на Северна Македонија и очекувањата за надминување на предизвиците, беа тема на денешната средба на вицепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров со Олин Ветингтон, член на Управниот одбор на Меѓународниот републикански институт (ИРИ).
Како што соопшти СЕП, вицепремиерот Димитров ја истакна поддршката на Меѓународниот републикански институт за јакнење на демократските процеси и капацитети на Северна Македонија, кои достигнувања беа нотирани во Извештајот на ЕК за земјата, објавен месецов.
Процесот на европска интеграција е главниот двигател на реформската агенда дома, насочена токму кон европските вредности и стандарди, но го одразува и ангажманот на ЕУ и поддршката од САД за стабилност и просперитет на регионот. Почетокот на пристапни преговори на Северна Македонија со ЕУ подразбира и отпочнување на следното поглавје во развојот и напредокот на регионот, но и унапредување на изградените стратешки партнерства и споделената визија, истакна Димитров.
На состанокот на кој беше придружуван од Илина Мангова, раководителка на програмата на ИРИ во Северна Македонија, Ветингтон ја нагласи заложбата за продолжување на соработката во областите од стратешка важност и поддршката за проектите во кои се рефлектирани споделените вредности, стои во соопштението.
