Ракомет

Македонија сонува!!!

30.03.2014 21:06

Па можеше ли подобро, три во едно, Македонија горда на ракометното трио во Лигата на шампионите. По дамите и местото во 4-ката, Металург и Вардар вечерва комплетираа нешто што значи историја, покорување на клупска Европа. Може ќе се каже дека се претерува, но не се претерува. Македонија има два ракометни тима во големата европска 8-ка.

Црвено-црните виновни што нема таму место за европскиот првак Хамбург. За успех се сметаше скопското вардарово реми, што е тогаш триумфот во Хамбург од еден позитива за црвено-црните 29:30. Браво Вардар. Уште еднаш потврдува Ангелов на голот на Македонскиот првак дека одбраните негови во Скопје не биле среќен ден. Дека сериозноста во Гонзалес како предводник на клупата не е моментална, се сопре Шредер. Нема некои за издвојување, сите се херои и Душебаев и Брумен и Филип Лазаров и Марковиќ, сите.

Претходно блескавата најава ја даде вице македонскиот првак Металург, со потврдата над домашната доминација над данскиот првак Колдинг и на нивен паркет, 26:30. Вугринец репризно недопирлив, барем тогаш кога требаше во првиот дел(8) за конечна 10-ка во мрежата на домаќинот. Атман 90 настотен учинок со 9 погодоци, Станиќ стандарден за ноќна мора на шутерите со за него ”солидни“ 12 одбрани.

Сега она што е предност или не, е тоа дека во ¼ финалето може да се случи Скопски двобој за место во големата евро 4-ка. Така со сигурност ќе имаме еден тим во фајнл-фор завршницата. Причина за ваквиот можен исход е што Вардар сега ќе биде како носителски тим, а Металург како екипа од втора позиција. Но зошто уште некои од евро гигантите да не го уништиме.