ДИК ги објави конечните резултати од вториот изборен круг
Државната изборна комисија го усвои заклучокот за конечноста на резултатите по одржаниот втор круг од локалните избори. Градоначалници се избрани во 35 општини, а во девет има поднесено приговори. Во Дебар вториот круг ќе се одржи на 14-ти ноември...

Државната изборна комисија ги потврди резултатите од гласањето за избор на градоначалници за општините и за градоначалник на Град Скопје по одржаниот втор круг од локалните избори. На 37та седница ДИК ја потврди и конечноста на резултатите за избор на градоначалник во Општина Дебар, по одржаното гласање на 31-ви октомври, за прегласувањето на првиот изборен круг.
Од комисијата со став дека општинските изборни комисии треба да ја почекаат конечната одлука во постапката по поднесените приговори. Прегласувањето за втор изборен круг ќе се одржи на 14-ти ноември.
До истекот на рокот до Државната изборна комисија поднесени се 23 приговори за постапката за гласање и за сумирање на резултатите од вториот круг локални избори. Седум од нив поднела политичката партија ТМРО, седум се од СДСМ, а од коалицијата ВМРО- ДПМНЕ има доставено еден приговор. Три има од група избирачи.
Дијана Ценевска
