Енергетика

Од вторник енергетска кризна состојба

04.11.2021 09:06

Од вторник енергетска кризна состојба, но без рестрикции. Министерот за економија Бектеши до Владата ќе го достави барањето...

Од вторник, енергетска кризна состојба, но без рестрикции. Одлуката се очекува да биде потврдена на владината седница. Бектеши вели дека Владата ја следи состојбата и засега кризата е под контрола.

Најавува дека цената на електричната енергија минимално ќе се зголеми. Со усогласената уредба со Законот за енергетика се предвидува Владата да трансферира буџетски средства за енергетските компании.

Моментално има околу 100 милиони евра, буџетски пари кои не се искористени од ковид програмата.