Финансии

Предлог-буџетот за 2022-ра влезе во Собранието

04.11.2021 09:10

Се очекува седницата за финансирање и буџет, која може да расправа најмногу 10 дена. Владата го оцени како развоен. Планира да потроши 4,43 милијарди евра, а од граѓаните и стопанството да собере 3,88 милијарди.

Предлог-буџетот за идната година влезе во Собранието. Се очекува седницата за финансирање и буџет, која може да расправа најмногу 10 дена. Владата го оцени како развоен. Планира да потроши 4,43 милијарди евра, а од граѓаните и стопанството да собере 3,88 милијарди.

615 милиони евра се предвидени за капитални инвестиции, а јавениот долг највисок досега-65,9 проценти од БДП. Буџетскиот дефицит ќе достигне 545 милиони евра или 4,3 проценти од БДП.

Ќе се финансира со домашно и странско задолжување. Владата очекува раст на економијата од 4,6 проценти, а стапката на инфлација е проектирана на 2,4 проценти.