СЗО ја одобри индиската „Коваксин“ за употреба
Осмата вакцина која доби зелено светло има ефикасност од 78%, се прави со неактивен коронавирус и се дава во две дози.

Светската здравствена организација предупреди дека бројот на заболени со Ковид-19 се зголемува петта последователна недела. Најновиот бран во Русија придонесе најмногу за високите бројки во Европа.
Во меѓувреме, СЗО ја одобри за употреба индиската „Коваксин“. Осмата вакцина која доби зелено светло има ефикасност од 78%, се прави со неактивен коронавирус и се дава во две дози.
Неколку земји почнаа драстично да ги заоструваат мерките. Работодавците во Канада делат откази или решенија за неплатен одмор на работниците кои одбиваат да се вакцинираат. Досега во оваа земја се имунизираин 83 проценти од граѓаните постари од 12 години.
