Основни парчиња облека

04.11.2021 10:09

Долгата бела кошула дава нота на елеганција и на секојдневните пригоди, во лето може да се носи со здолниште и панталони, во зима над ролка...

Што треба да се има во плакарот, како основни парчиња облека? Долгата бела кошула дава нота на елеганција и на секојдневните пригоди, во лето може да се носи со здолниште и панталони, во зима над ролка.

Црна ролка со џинс е незаменлива комбинација, а црната ролка дава и многу други можности во облекувањето.

Цветен фустан, притоа треба да се води сметка за удобноста, материјалот и принтот. Може да се носи со еспадрили, патики, чизми.

Белите патики оваа година се вратија на сцена. Се вклопуваат со секаков вид облека и за одмор и за рекреација, но и со фустани и со сакоа.

Кожената јакна, модна класика нуди многу можности за комбинирање.

Фармерки, ако се избере содветен крој, кој одговара на личноста и притоа се од квалитетен материјал, може да траат со години.

На секој аутфит, завршен печат му даваат модните додатоци, кои се бираат со внимание во согласност со личниот стил.